Русите фрлиле термобарична бомба од осум тони врз електраната во Харков (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На социјалните мрежи се појави видео од страшната експлозија во електраната во Харков како последица на силни руски напади.

Loading...

Украина ги обвини руските сили за напад на цивилна инфраструктура како одговор на брзата офанзива на украинските трупи за време на викендот, што ја принуди Русија да го напушти главниот бастион во регионот Харков.

Русите испратија термобарична бомба тешка осум тони во електраната во Харков. Бомбата е наречена „татко на сите бомби“.

Како што објавија светските медиуми, се фрла од стратешките бомбардери t160.

Како што претходно соопштија украинските власти, целите на одмаздничките напади биле водни објекти и термоцентрала во Харков, и предизвикале широки прекини на електричната енергија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на руските напади врз цивилната инфраструктура во Харков.

– Нема воени објекти, целта е да се лиши на луѓето светлина и топлина. Иако Кремљ се обидува да го лиши украинскиот народ од гас, светлина, вода и храна, нема да успее да го победи. Дали уште мислите дека можете да не исплашите, да не скршите, да не принудите на отстапки – напиша Зеленски.

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.