Кира е волчица која нејзината мајка ја напуштила кога имала три дена.
Јасно е дека таа не можела да преживее во дивината поради фактот што не ја научила да лови, па нејзината судбина била многу неизвесна.
View this post on Instagram
Благодарение на руската Алида, Кира денес е среќно милениче кое ужива во животот.
„Мајката на Кира живееше со семејство, но тие не можеа да се грижат за неа, па ја предадоа на азилот. После тоа, таа не им веруваше на луѓето и ги остави Кира и нејзините браќа и сестри по три дена, па членовите на азилот се погрижија за нив“.
View this post on Instagram
„Кога наполни 28 дена, ја зедов од азилот. Таа е многу паметна, но и тврдоглава волчица, па процесот на обука не беше лесен. Јас ја социјализирав одејќи по различни патишта, каде што имаше многу кучиња, мачки и деца. Така, таа имаше шанса да ги почувствува мирисите, звуците. Волците се плашат од сè ново, па процесот беше навистина тежок“, изјави Алида за „BoredPanda“.
Во својата мисија, оваа Русинка успеала, па Кира денес е навикната на живот во градот, не реагира на агресијата на другите кучиња и добро се сложува со децата.
View this post on Instagram
„Таа е многу внимателна со децата. Ако почувствува дека детето се плаши, нема да му се доближи. Луѓето обично се љубопитни, прашуваат за фотографија, каков е животот со волчица, особено кога живеете со дете“, истакнува Алида, мајка на седумгодишниот Богдан, која редовно објавува фотографии и видеа од животот со неа сега едногодишно милениче на социјалните мрежи.
View this post on Instagram