Русија: Забрана за учениците да користат мобилни телефони на часови

Сподели со своите пријатели

Министерот за образование на Русија, Сергеј Кравцов изјави дека новите санитарни правила им забрануваат на учениците да користат мобилни телефони на часовите, а мобилните телефони можат да се користат само за време на паузите.

Loading...

„Во согласност со новите санитарни правила, мобилните телефони не се дозволени за време на наставата од оваа учебна година“, рече Кравцов, пренесува Танјуг.

Тој изјави дека ова правило е воведено за мобилните телефони да не го одвлекуваат вниманието на учениците од часовите.

„Доколку има итни случаи ќе бидат повикани и известени родителите. За време на паузата можете да разговарате со учениците, но во согласност со новите правила, на часовите не е дозволено користење на мобилни телефони“, додаде Кравцов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Голем протест против АфД: Органите на редот употребија солзавец и палки (ВИДЕО)