Русија: Украина со касетна муниција нападна село во Брјанск

Сподели со своите пријатели

Киев денеска пукаше со касетна муниција во руско село во близина на украинската граница, при што беа оштетени неколку куќи, објави гувернерот на областа Брјанск, Александар Богомаз.

Loading...

Според првичните информации, нема жртви во гранатирањето на селото Климово, напиша Богомаз на Телеграм, пренесува РИА Новости.

Тој додаде дека се оштетени неколку станбени и помошни објекти.

Ројтерс вели дека не можел независно да ја потврди изјавата на рускиот функционер, која тој ја дал без да обезбеди визуелни докази.

Немаше коментари од Украина.

Украина доби касетна муниција од САД, но вети дека ќе ја користи само против непријателските војници.

Руските власти во Брјанск и другите региони кои граничат со Украина постојано го обвинуваат Киев за неселективно гранатирање.

Округот Климовски е еден од шесте погранични окрузи на Брјанската област, се граничи со регионот Чернигив во Украина и е редовно изложен на гранатирање, наведува агенцијата РИА Новости.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.