Единаесет лица се ранети во ракетни напади на украинските вооружени сили во областа Петровски во градот Доњецк, соопшти таканареченото Министерство за здравство на Народна Република Доњецк.
Претходно шефот на оваа непризнаена земја Денис Пушилин објави дека се повредени седум лица, меѓу кои и еден тинејџер.
„Украинските вооружени сили од пладне изведуваат цели, масовни напади врз областа Петровски во Доњецк. При гранатирањето се запали зградата на хипермаркетот Галактика, а опожарената површина надмина десет илјади квадратни метри. Оперативната состојба го отежнува гаснењето на пожарот. Оштетена е и Градската болница бр.14, пишува РИА Новости, пренесува N1 Хрватска.
Донецк ТЦ “Галактика”
Мало, очень мало pic.twitter.com/eKQjsiXXX0— Олег (@UA__oleg) August 16, 2024
Еден од волонтерите кој работел на местото на несреќата за руската телевизија „Русија 24“ изјавил дека хипермаркетот се запалил веднаш по нападот и дека околу 20 луѓе биле спасени.
Дописникот на РИА Новости вели дека Галактика е единствената голема продавница во околината и дека преку ден е полна со клиенти.
Народна Република Доњецк соопшти дека украинската армија истрелала единаесет гранати од 155 милиметри за 15 минути.
Населбата Петровски се наоѓа во западната периферија на Доњецк, град во источна Украина контролиран од Русија. Тоа е најоддалечениот дел од градот од центарот.
Лайно – “братЬя” обстріляли ТЦ «Галактика». Дуже класично для болотного рейху, тільки на фронті пройоб, горять ТЦ і будинки в Донецьку. Зараз будуть казати про мільйон хлопчиків в трусіках яких вбили укронацисти. На більше в них розуму не вистачає, нелюді тупорилі.#Donetsk… pic.twitter.com/1t469omxrt
— Karyna Masuga (@KarynaMasuga) August 16, 2024