Русија: Убиени или осакатени 139 украински заробеници во напад на затворот

Сподели со своите пријатели

Министерството за одбрана на Русија на своите информативни ресурси ги објави списоците на украинските воени заробеници кои беа убиени и ранети за време на ракетниот напад врз истражниот затвор во Јеленовка.

Loading...

„Како резултат на намерен ракетен напад од страна на американскиот повеќецевен ракетен систем HIMARS на 29 јули врз истражен центар во областа на селото Јеленовка, режимот во Киев уби и осакати повеќето од 193 украински воени затвореници кои беа таму“, рече генерал-полковник Игор Конашенков, портпарол на министерствата.

Тој прецизираше дека во нападот загинале 50 лица. Остатоците на 48 од нив се извадени од урнатините на зградата, уште двајца починале на пат кон болница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин

Тешко ранети се 73 украински воени заробеници. На сите им била укажана потребната лекарска помош.

Целата политичка, кривична и морална одговорност за крвавиот масакр на Украинците ја сноси самиот Зеленски, неговиот криминален режим и Вашингтон, кој ги поддржува“, заклучи Конашенков.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.