Константин Рачаловски, заменик гувернер и министер за земјоделство на руската област Ростов, голема покраина која произведува жито, е приведен од полицијата, јави денеска државната новинска агенција ТАСС, а пренесе Ројтерс.
Loading...
ТАСС пренесува дека Рачаловски е обвинет за пречекорување на своите овластувања, што резултирало со штета од речиси 156 милиони рубљи (околу 1.623.000 евра).
Ростов е најголемиот регион за производство на жито во Русија, кој собира околу 11 отсто од вкупното руско жито.
Ростовската област се граничи со Украина.