РУСИЈА: Сопственикот на најголемата ИТ компанија пронајден мртов, соработувал со ФСБ

Сподели со своите пријатели

Познат руски бизнисмен поврзан со безбедносните служби е пронајден мртов во Москва.

Loading...

Телото на Антон Черепеников (40) е пронајдено во неговата канцеларија во главниот град на Русија.

Локалните медиуми јавуваат дека бизнисменот починал од „срцев удар“.

Черепеников беше на чело на најголемата ИТ компанија во земјата, ИЦС Холдинг, која беше користена од руската Федерална служба за безбедност за следење на онлајн активностите на граѓаните, пишува рускиот весник Новаја Газета.

Таа, наводно, им дозволувала на телекомуникациските оператори да складираат аудио снимки од сите повици и текстуални пораки шест месеци, а интернет сообраќајот еден месец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руско-американска државјанка уапсена во Русија поради наводно предавство

ИЦС Холдинг се соочи со меѓународни санкции по руската инвазија на Украина.

Василиј Полонски, долгогодишен пријател на починатиот бизнисмен, сепак, веднаш изразил сомневање за причината за смртта.

– Не верувам дека починал од срцев удар. Точната причина за смртта ќе се утврди подоцна – вели Полонски.

Loading...

„Мирор“ пишува дека Черепењик е вториот бизнисмен близок до власта кој е пронајден мртов во претходните 48 часа.

Ден претходно беше објавено дека олигархот Игор Кудрјаков, поранешен владин функционер и богат бизнисмен, исто така бил пронајден мртов во неговиот стан во Москва.

Еден извор од опозицијата рече дека Черепеников е „апсолутно клучна алатка“ во режимот на Владимир Путин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ ги продолжи санкциите против Москва

– Убиството не може да се исклучи бидејќи безбедносниот апарат станува очаен поради неуспешната војна – изјави изворот.

Неговиот успех во работењето на владиниот електронски snoop значеше профит од 172 милиони фунти.

Черепеников, наводно, бил близок со Алишер Усманов, про-Кремљ олигарх и поранешен акционер на лондонскиот фудбалски клуб Арсенал.

Студирал на престижниот Московски државен технички универзитет Бауман и Московскиот државен универзитет за градежништво.

Тој е под американски санкции од февруари.

Loading...