Русија: Смртта на Ханије е неприфатливо политичко убиство

Сподели со своите пријатели

Смртта на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије е неприфатливо политичко убиство што го зголемува ризикот од ескалација во регионот, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Богданов.

Loading...

„Сето ова е многу лошо, ова е апсолутно неприфатливо политичко убиство и ќе доведе до дополнителна ескалација на тензиите“, изјави Богданов за РИА Новости.

Според него, убиството ќе има негативно влијание врз преговорите во Доха.

Анкара го осуди убиството на Ханије и ја повика меѓународната заедница да го запре Израел пред конфликтот да се прошири во регионот.

„Уште еднаш се покажа дека владата на (израелскиот премиер Бенјамин) Нетанјаху нема намера да постигне мир“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи, пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израелската армија призна: Многу е веројатно дека сме убиле заложници по грешка

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, рече дека Ханије не пролеа крв залудно и дека неговата смрт ќе ја зајакне „длабоката и нераскинлива врска меѓу Техеран, Палестина и отпорот“.

Иранската револуционерна гарда утринава соопшти дека Ханије и неговиот телохранител биле убиени во Техеран, каде лидерот на Хамас присуствувал на инаугурацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

Никој не ја презеде одговорноста, но се сомнева дека зад убиството стои Израел, кој претходно вети дека ќе ги убие лидерите на Хамас за нападот на групата на 7 октомври, според АП.

Loading...

Хамас го нарече убиството во наводниот воздушен напад „сериозна ескалација“ и се закани со „војна за ослободување на Ерусалим“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Галант: Времето за договор со Хезболах истекува

Израел не даде изјава во врска со убиството, што е често случај кога станува збор за атентати извршени од израелската разузнавачка агенција Мосад, наведува американската агенција.