Русија скапо ја плати Авдиивка: Загинаа 17.000 војници, уништени 400 тенкови (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Русија претрпе огромни загуби за време на борбите за Авдиивка, стратешки важен град во областа Доњецк, пред конечно да го освои.

Loading...

Business Insider наведува дека украинските војници се повлекле од тој град минатиот викенд по интензивните борби кои траеле во текот на целата зима.

Се наведува дека борбите за Авдиивка првично се интензивирале во октомври минатата година и дека таа била главна цел на руската армија.

Олександр Сирски, врховен командант на вооружените сили на Украина, на Фејсбук напиша дека одлучил да се повлече од овој регион „за да избегне опкружување и да ги зачува животите и здравјето на војниците“.

На 17 февруари Русија објави дека презела „целосна контрола“ над Авдиивка, по што беа објавени видеа од поставени руски знамиња низ градот. Сепак, Русија скапо ја плати оваа победа.

Според проценката на британското Министерство за одбрана, Русите изгубиле повеќе од 400 тенкови и оклопни возила, заедно со „веројатно илјадници војници“.

Украина тврди дека повеќе од 17.000 руски војници биле убиени за време на заземањето на Авдиивка.

„Руските загуби околу Авдиевка се колосални. Јас и моите колеги направивме пресметки и извадивме архивски податоци од почетокот на оваа година“, изјави портпаролот на украинската армија за британскиот Дејли Телеграф.

Loading...

Тој исто така изјави дека во борбите биле ранети најмалку 30.000 руски војници.

Business Insider наведува дека не е можно самостојно да се проверат овие тврдења на Украинците.

Нема податоци колкави се загубите на Украина во овие крвави битки, но се верува дека тие би можеле да бидат и значајни.

Русите претходно тврдеа дека биле убиени 1.500, но тоа не е потврдено.