Русија нападна товарен брод во Црното Море. Бројот на жртви се искачи на десет (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Десет лица загинаа во руски напад врз товарен брод што превезувал жито во близина на Одеса.

Бродот пловел под знамето на Гвинеја-Бисао и бил погоден од ракети, соопшти Украинската управа за морски пристаништа.

Украинските власти го сметаат нападот врз цивилен брод за воено злосторство, пишува Украинска правда.

Украинската управа за морски пристаништа објави детали за последиците од нападот.

 

 

Пребарувањето и спасувањето траеле цела ноќ, а пожарот на бродот бил ставен под контрола.

Осум члена на екипажот биле спасени и транспортирани на брегот.

Меѓународен екипаж

„За жал, десет лица загинаа, вклучувајќи го и пилотот од Украинската управа за морски пристаништа“, се вели во нивното соопштение на социјалните мрежи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ: Најголемата грешка на Европа е што преговара со Русија од позиција на моќ

Погодениот брод исплови од украинското пристаниште на 19 јули со товар пченка. Екипажот се состоел од 17 државјани на Сирија и Индија.

Со нив на бродот бил и украински пилот од подружницата на Управата за морски пристаништа, Делта-Пилот, кој е меѓу загинатите.