Русија: Контролен пункт во областа Брјанск беше цел на напад од Украина

Сподели со своите пријатели

Контролниот премин „Нови Јурковичи“ во областа Брјанск е погоден со минофрлачи од територијата на Украина, соопшти денеска граничниот оддел на Федералната служба за безбедност (ФСБ).

Loading...

„Во моментот на гранатирањето, повеќе од 30 украински бегалци се наоѓале на пат кон Руската Федерација на територијата на контролниот премин, кои со преземените мерки се евакуирани“, се вели во соопштението на ФСБ, пренесува РИА Новости.

 

Украина: „Заложници на Русите ги пишувале имињата на загинатите на ѕидот“ (ФОТО)

 

Се наведува дека во инцидентот биле оштетени два автомобили на внатрешно раселени лица, како и дека престрелката била задушена со возвратен оган.

Се додава дека преминот продолжува со работа, како и дека нема повредени лица.

Регионот Брјанск се граничи со регионот Чернихив во Украина.

Loading...