Русија: Ќе продолжиме со воздушните напади врз украинските објекти

Сподели со своите пријатели

Русија ќе ја продолжи практиката на воздушни напади врз украинските воени објекти во случај Киев да продолжи да користи оружје со долг дострел насочени кон цели на територијата на Руската Федерација, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јави Танјуг.

Loading...

Како што рече, рускиот претседател Владимир Путин неодамна предупреди дека одлуката на западните лидери да ѝ дозволат на Украина да користи ракети за да гаѓа цели длабоко во Русија е неодговорна, дека претставува ескалација и дека бара одговор од Москва, пренесува Интерфакс.

Зборувајќи за можното распоредување на мировници во Украина, Песков рече дека тоа ќе биде можно само со согласност на сите страни, но дека тоа нема да ги реши првичните причини за конфликтот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Неосновани се тврдењата дека Русија се меша во претседателските избори во Романија

– Распоредувањето на мировните сили е можно само со согласност на страните во одреден конфликт, рече тој, одговарајќи на прашањето дали Русија генерално дозволува распоредување на какви било мировни сили во Украина, на пример, мисија на ОН.

Претходно, Бирото за печат на руската служба за надворешно разузнавање објави дека Западот, за да ги реши своите проблеми во Украина, би можел да прибегне кон својата вистинска окупација со воведување таканаречен мировен контингент од 100.000 луѓе, јави Тасс.