Русија: Киев ја гранатираше Нова Каховка

Сподели со своите пријатели

Украинските вооружени сили уништија силос на украинска земјоделска компанија за време на гранатирањето на Нова Каховка во областа Херсон, изјави денеска за ТАСС Владимир Леонтиев, шеф на проруската воено-цивилна управа на областа.

Loading...

„Синоќа беше уништен силосот на Нибулон во селото Веселоје, изгубено е огромно количество жито, а уништени се производствените капацитети, изјави рускиот претставник.

На прашањето на новинарот на ТАСС дали нападот на Украина бил мета, Леонтиев рече дека е извршен со употреба на високопрецизно оружје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силни експлозии - ракетиран Харков, има мртви

Од неделата вечерта, украинските сили гранатираат локации во регионот Херсон, кои претходно беа окупирани од руски војници.

Како резултат на тоа, оштетени се училишта, други инфраструктурни објекти и станбени блокови, јави ТАСС.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.