Европа следната деценија би можела да се соочи со недостаток и поскапување на гас, ако бргу не одлучи да го зголеми увозот од Русија.
– Европа направи лоша проценка кога претпостави дека нема да и треба дополнителен грас, и ако и затреба дека ќе го набави надвор од Русија, изјавил потпретседателот на „Гаспром“ Александар Медведев и додаде дека со купување на гас од САД или Катар, Европа нема да може да ја задоволи својата побарувачка.
Извозот на „Гаспром“ кон Европа е зголемен за осум отсто минатата година, на историски рекорд од 194 милијарди кубни метри, следе сголемување на пазарните и ниските цени. Благодарение на тоа, „Гаспром“ стекна рекорден удел на европскиот пазар од 35 отсто.
Тој удел, според Медведев, би можел да надмине и 40 отсто, затоа што европската побарувачка за гас расте, холандксото и британското производство опаѓа, додека пратките на САД се скромни, скапи и обично наменети за Азија.
– Бројни сериозни аналитичари ќе излезат и ќе ви дадат модел со кој ќе покажат дека Европа наскоро ќе се соочи со голема гасна криза и што е најлошо поостра цена, изјавил Медведев.
Ројтерс потсетува дека „Гаспром“ од следната година, преку нов гасовор, ќе започне со гас да ја снабдева и Кина.