Викимедија поднесе жалба на судската одлука со која се бара отстранување на информации поврзани со руската инвазија на Украина.
Московскиот суд ја казни Викимедија со 5 милиони рубљи (88.000 американски долари) затоа што одбила да го отстрани од написите на руски она што го смета за дезинформација.
Меѓу нив се „Руската инвазија на Украина“, „Воените злосторства за време на руската инвазија на Украина“ и „Масакрот во Буча“.
Еден од ретките преостанати извори на информации во Русија
„Оваа одлука имплицира дека оригиналните, проверени информации на Википедија кои не се во согласност со ставот на руската влада се дезинформации“, рече Стивен ЛаПорте, помошник главен советник во Фондацијата Викимедија, пишува Скај њуз.
Википедија е еден од ретките преостанати главни извори на информации на руски јазик за Русите по затворањето на многу медиуми во Москва.