Русија го казни сопственикот на Википедија

Сподели со своите пријатели

Рускиот суд денеска ја казни фондацијата Викимедија, сопственик на Википедија, со 2 милиони рубљи (32.600 долари) за написи поврзани со војната во Украина, изјави за Ројтерс Станислав Козловски, раководител на фондацијата во Русија.

Loading...

Козловски рече дека казната е изречена затоа што не се бришеле статиите кои Русија барала да се отстранат.

Тој најави дека фондацијата ќе се жали на пресудата.

Станува збор за два написи на руски јазик под насловите: „Ненасилен отпор на цивилното население на Украина за време на инвазијата на Русија“ и „Евалуација на руската инвазија на Украина во 2022 година“.

Москва ја нарекува војната во Украина „специјална воена операција“.

На 26 април, рускиот суд, исто така, ја казни Фондацијата Викимедија со вкупно 5 милиони рубљи за слични прекршувања.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.