Русија: Британија премногу длабоко вклучена во војната во Украина, ризикува ескалација

Сподели со своите пријатели

Русија во четвртокот ја обвини Велика Британија дека е „премногу длабоко“ вклучена во конфликтот во Украина, предупредувајќи дека ризикува „опасна“ ескалација на кризата.

Loading...

Андреј Келин, рускиот амбасадор во Обединетото Кралство, тврди дека британски „специјалисти“ биле вмешани напад со беспилотни летала врз руската флота на Црното Море на крајот на неделата, при што наводно биле оштетени три воени бродови, вклучувајќи го и командниот брод Макаров.

Откако британската амбасадорка во Москва, Дебора Бронерт, претходно беше повикана во руското Министерство за надворешни работи во врска со наводите, Келин рече дека Кремљ ќе ги објави своите докази „сосема наскоро“.

„Многу добро знаеме за учеството на британските специјалисти во обуката, подготвувањето и извршувањето на плановите против руската инфраструктура и руската флота во Црното Море. Знаеме дека тоа е направено“, рече тој.

„Тоа е опасно. Тоа може да нѐ доведе до точка, би рекол, без враќање – враќање е секогаш можно, но треба да избегнеме ескалација. Ова е предупредување дека Британија е премногу длабоко во овој конфликт. Тоа значи дека ситуацијата станува се поопасна“, додаде Келин.

Келин рече дека Русија исто така ја продолжува истрагата за експлозиите што ги оштетија подводните гасоводи Северен тек 1 и 2 во септември, додавајќи дека британските специјални сили биле вклучени во обуката на Украинците за користење експлозиви и подводни дронови.

На Запад постои општ сомнеж дека експлозиите се резултат на постапките на самите Руси во обид да го зголемат притисокот врз европските земји во однос на поскапувањето на енергенсите.

Портпаролот на британската влада рече дека руските обвинувања се обид да се „одвлече вниманието“ од нејзината илегална инвазија на Украина и нејзините загуби, кои таа продолжува да ги трпи на фронтот.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.