Русија, Британија и Франција изразија загриженост za ескалацијата на конфликтот меѓу Индија и Пакистан

Сподели со своите пријатели

Москва, Париз и Лондон денес изразија загриженост поради ситуацијата во Кашмир и зголемувањето на тензиите меѓу Индија и Пакистан, повикувајќи ги двете страни на воздржаност.

Loading...

Москва изразува длабока загриженост поради ескалацијата на воениот конфликт меѓу Индија и Пакистан по терористичкиот напад во Пахалгам, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Длабоко сме загрижени поради ескалацијата на воената конфронтација меѓу Индија и Пакистан по терористичкиот напад во близина на градот Пахалгам“, изјави таа, пренесува ТАСС.

Москва повикува на спречување на понатамошно влошување на ситуацијата во регионот.

„Ги повикуваме страните на воздржаност со цел да се спречи понатамошно влошување на ситуацијата во регионот. Се надеваме дека разликите меѓу Њу Делхи и Исламабад ќе бидат решени мирно, преку политички и дипломатски средства на билатерална основа, во согласност со одредбите од Договорот од Симла од 1972 година и Декларацијата од Лахор од 1999 година“, изјави Захарова.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Генералот кој може да ја запали Азија: Кој е Асим Мунир кој го претвора Кашмир во нова воена зона?

Во исто време, британскиот министер за трговија Џонатан Рејнолдс изјави за Би-Би-Си дека ситуацијата во Кашмир е „многу загрижувачка“ и дека неговата земја е подготвена да ги поддржи двете страни во деескалацијата.

„Нашата порака би била дека сме пријател и партнер на двете земји. Подготвени сме да ги поддржиме двете земји. Двете имаат огромен интерес за регионална стабилност, дијалог, деескалација и ние сме тука да направиме сè што можеме за да го поддржиме тоа“, рече Рејнолдс.

И Франција денес ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност по нападите извршени синоќа.

Loading...

„Ја разбираме желбата на Индија да се заштити од неволјата на тероризмот, но ги повикуваме и Индија и Пакистан да покажат воздржаност за да избегнат ескалација и, секако, да ги заштитат цивилите“, изјави министерот за надворешни работи Жан-Ноел Баро за француските медиуми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Москва ги повика Индија и Пакистан на воздржаност

Портпаролот на пакистанската армија, Ахмед Шариф Чаудри, денес потврди дека бројот на жртви во синоќешните индиски ракетни напади врз шест локации во Пакистан се искачи на 26 и дека 46 лица се повредени во тие напади.

Во меѓувреме, индиските полициски и медицински претставници утрово потврдија дека најмалку седум цивили се убиени, а 30 се повредени во пакистанските напади долж линијата на контрола, границата што го дели Кашмир меѓу Индија и Пакистан.

Индија синоќа соопшти дека извршила ракетни напади врз девет локации во Пакистан и делови од Кашмир контролиран од Пакистан.

Тензиите меѓу двете нуклеарно вооружени земји се зголемија по смртоносниот милитантен напад врз индиските туристи во Пахалгам во април.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шефот на пакистанската армија: 26 цивили се убиени, 46 се повредени (ВИДЕО)

Индија тврди дека има докази што укажуваат на јасна вмешаност на терористи со седиште во Пакистан во нападот, додека Пакистан негира каква било поврзаност.