Синоќа руските војници извршија ракетен напад врз украинските аеродроми, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Loading...
Групен напад со високопрецизно воздушно оружје со долг дострел, вклучително аеробалистички ракети Кинжал и беспилотни летала, е извршен врз критично важни објекти на аеродромската инфраструктура во Украина, пренесува РИА Новости.
Забележано е дека сите цели биле погодени.
Синоќа експлозии се слушнаа во Киев, Запорожје, Сумиската област и Хмелничката област во Украина.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека во вечерашниот руски напад врз Украина загинале четири лица, а 16 се повредени.