Романската полиција врши претреси како дел од истрагата за изборни нерегуларности

Сподели со своите пријатели

Романската полиција врши претреси како дел од истрагата за нерегуларности за време на првиот круг од претседателските избори, на кои победи десничарскиот кандидат Калин Георгеску.

Loading...

Претресот доаѓа еден ден откако Уставниот суд, највисокиот суд во земјата, го поништи гласањето на претседателските избори.

На пресудата за поништување на гласањето ѝ претходеше одлука на претседателството, кое оваа недела декласифицираше серија разузнавачки документи со обвинувања против Георгеску и Русија, вклучително и „масовна“ промоција на социјалните мрежи и сајбер напади.

Одлуката на судот предизвика изненадување кај оваа членка на Европската унија и НАТО алијансата која граничи со Украина и го отвори патот за почеток на нов изборен процес.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претседателката на Перу исчезна две недели поради операција на носот

Новата влада треба да одреди датум за повторени избори.

Три куќи во градот Брашов, во централниот дел на Романија, беа претресени на 7 декември, во рамки на истрагата за повеќе кривични дела – изборна корупција, перење пари и компјутерска измама, се вели во соопштението на обвинителството.

Обвинителството прецизираше дека претресите биле насочени кон лице вмешано во „незаконско финансирање на изборната кампања на кандидат за претседател на Романија, користејќи финансиски средства“, но не го именуваше Георгеску.

Исто така, истрагата опфаќа кршење на законот за забрана на организации и истакнување симболи од фашистичка, расистичка или ксенофобна природа, се додава во соопштението.

Loading...

Георгеску, малку познат аутсајдер, неочекувано победи во првиот круг од изборите на 24 ноември и беше фаворит за победа во вториот круг в недела, против центристичката и проевропска кандидатка Елена Ласкоси, според неколку анкети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  S&P: Проблемите во автомобилската индустрија може да ѝ наштетат на Централна Европа

Сепак, документите подготвени за состанокот на Советот за национална безбедност по првиот изборен круг „откриваат агресивна промотивна кампања, која е спротивна на изборното законодавство, и искористување на алгоритми за забрзување на популарноста на Калин Георгеску“.

Според еден од документите, еден корисник платил 381.000 долари за да го промовира Георгеску во периодот од 24 октомври до 24 ноември.

Врз основа на тие тврдења, Уставниот суд во петокот (6-ти декември) едногласно одлучи да го поништи целиот изборен процес со цел да се обезбеди неговата „коректност и законитост“.

САД изразија доверба во романските институции и повикаа на „мирен демократски процес“.

Георгеску, 62-годишен поранешен државен службеник, водеше интензивна кампања за прекин на помошта за соседна Украина преку социјалните медиуми, особено ТикТок, предизвикувајќи загриженост за идната насока на Романија, која се смета за сигурен сојузник на НАТО.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нобеловците бараат поголеми инвестиции во производството на храна за да се избегне глобалната криза со глад

Георгеску ја опиша одлуката на судот за поништување на гласањето како „формализиран државен удар“ и изјави дека демократијата е „напаѓана“.

Романскиот проевропски претседател Клаус Јоханис рече дека ќе остане на функцијата додека не се формира нова влада, која ќе одреди датум за претседателски избори.

Loading...

Декласифицираните документи наведуваат дека Романија е „мета на агресивни руски хибридни акции, вклучувајќи сајбер напади, хакерски активности и саботажа“.

Романските власти идентификуваа повеќе од 85.000 сајбер напади.