Родилка почина во кумановската болница

Сподели со своите пријатели

Триесет и едногодишна жена од Куманово починала ноќва во кумановската болница на одделението за гинекологија.

Loading...

– На 27.09.2024 во 21.35 часот во СВР Куманово, директорот на Општа болница Куманово пријавил дека на Одделението за гинекологија во болницата  починала 31 – годишна родилка од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Увид извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.

Повеќе детали наскоро.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ученици од „11 Октомври“ се едуцираа и натпреваруваа во шах (ФОТО)