Ендрју Вордл (44) роден е со ретко пореметување, во кое мочниот меур и каналот се развиваат надвор од телото. Лекарите меурот и каналот ги вратиле во телото, но поради оваа пореметување никогаш не му изразнал пенис.
Угостител од Манчестер поради овој проблем бил толку очаен, што пред неколку години се обидел и да се убие. Го спасиле во последен момент.
Дури и од своите најблиски пријатели криел дека нема пенис, но и од девојките со кои се обидувал да биде во врска.
Loading...
Сепак, по 44 години стигнало решение на неговите маки. Лекарите деновиве му ја завршуваат реконструкцијата на половиот орган.
Операцијата чинела 50.000 фунти, но Ендрју имал среќа трошоците да ги сноси Националната здравствена служба на Велика Британија.
Хирурзите првин му ја отстраниле кожата, мускулите и нервите од подлактицата, како и дел од вена од ногата, па од тоа направиле полов орган.
Девојката без вагина: Сака да има секс, но еден погрешен чекор може да и го уништи животот (видео)
Потоа му вградиле специјална пумпа со која ќе може да постинува ерекција со притискање на копче кое ќе се наоѓа во тестисите.
Во стомачната парзнина се наоѓа ќеса со физиолошки раствор кој е задолжен за полнење на пенисот со течност, како што се полни со крв при нормална ерекција. Со повторно пртиискање на копчето ерекцијата се прекинува и течноста се враќа во ќесето.
Откако неговиот нов пенис ќе биде направен, тој за 10 дена конечно ќе може да има секс, а невиноста ќе ја изгубис о својата долгогодишна девојка Федра Фабиан.
– Многу сум возбуен. Минав 44 години без пенис и се носев со тоа што не можам да водам љубов. Ќе ми треба малку време да се навикнам. Тоа ќе ми овозможи да се чуиствувам како дел од општеството, ркеол пресреќниот Ендрју.
Како што вели, сигурен е дека подоцна малку и ќе боли.
– Многу сум свесен дека во мене постои некоја роботика, но изгледа како дел од мене. Сега сум получовек, полуробот, како бионички човек. Дури ќе можам да имам и ерекција и кога сум пијан, се пошегувал Ендрју од болничкиот кревет.