Роберт Кенеди Џуниор се повлече од претседателската трка во Аризона

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат за претседател на САД Роберт Ф. Кенеди Џуниор поднесе документи за повлекување од претседателската трка во Аризона, изјави државниот секретар на Аризона, Адријан Фонтес.

Loading...

Тој изјави дека Кенеди и неговата кандидатка за потпретседател, Никол Шанахан, доброволно се повлекле, пренесува Ројтерс.

Кенеди денеска треба да и се обрати на јавноста.

АП објави дека повлекувањето на Кенеди во Аризона доаѓа во време на шпекулации дека Кенеди може да се откаже од својата независна претседателска кандидатура и да го поддржи републиканскиот кандидат.

Ројтерс во средата објави дека Кенеди сакал договор со републиканскиот кандидат Доналд Трамп во кој тој ќе го поддржи Трамп во замена за работа во неговата потенцијална администрација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уште еден обид за атентат врз Трамп

Трамп оваа недела изјави за Си-Ен-Ен дека „сигурно ќе биде отворен“ за сугестијата Кенеди да биде во неговата администрација доколку се откаже од претседателската трка и го поддржи.

Кенеди (70) е син на починатиот демократски политичар и јавен обвинител на САД Роберт Кенеди и внук на починатиот американски претседател Џон Ф. Кенеди

Претходно се обидуваше да биде кандидат на Демократската партија, но се одлучи за независна кандидатура.

Loading...