Последниот бизарен тренд помеѓу мајсторите за тетовирање е резбарењето кожа, т.н. скарификација.
Овој болен и бизарен процес вклучува отстранување на кожата и месото со скалпел по претходно исртан шаблон.
Кога раната ќе зарасне, лузната останува како тетоважа.
Мајсторот за модификување на телото, Јан Брењак е пионир во овој нов тренд, кој тој го анрекува „графички портрет на кожата“.
Јан фотографиите ги поставува на социјалните мрежи, за да го прикаже дизајнот, вклучувајќи и портрети, черепи и асиметрични шари.
Тој има над 15 илјади следбеници на Инстаграм и често го оспоруваат, додека тој сепак тврди дека неговата работа не е ништо полоша од пластична операција на нос или затегнување на лицето.
Негова специјалност исто така е и пресечување на јазикот на половина, како и реконструкцијата на ушната школка.