РЕТРО: По повод „11 Ноември“ некогаш во Куманово се бирала убавица на градот (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

По повод 11 ноември – Денот на ослободувањето на Куманово во 1962 година биле одржани повеќе културно – просветни и спортски приредби.
П

Loading...

окрај другите во двет сали на хотел „Кристал“, Аероклубот од Куманово организирал „Сина вечер“ со допадлива и лесна програма.

Најголем интерес кај присутните на приредбата предизвикала традиционалната точка на „сината вечер“ – избор на убавица.

Жири комисијата во чиј состав се наоѓаа покрај другите, лекар, скулптор, сликар, архитект, инжинер и др. за убавица на 1962 година ја прогласиле Гордана Стојановска, ученичка од трата година при Учителската школа за „придружници“, а за „придружници“ Костадинка Илиевска ученичка од трета година при Економската школа и Ленче Димковска, ученичка од првата година при Учителската школа.

 

Извор: „Наш весник“