Според информациите кои ги пренесе ТВ Телма, повикувајќи се на извори од терен, од првиот бегалски кап на јужната граница па се до армиската караула кај Богородица поставена е жичана ограда долга 1,5 километар.
Жичана ограда од другата сграна на автопатот ќе биде поставена утре, каде каок што наведува Телма, подготовките на теренот се започнати.
Република Словенија вчера доставила барање до македонското Министерство за внатрешни работи, во коде информира дека нема да прима лица кои не потекнуваат од конфликти подрачја. Истото писмо Словенија го испратила и до Србија, каде вчеравечер за дел од мигрантите беше спуштена рампата.
Според заклучоците на советот на АРМ, жичаната ограда ќе се постави за да ги спречи т.н. „економски мигранти“,а се пропуштаат само оние од Сирија, Авганистан и Ирак.
Од АРМ велат дека постои селекција на протокот на бегалци, а портпаролот Тони Јаневски за Телма изјавува дека ограна се уште не се поставува, но теренот се подготвува за секој случај.