„Република“ Луганск денеска ќе бара од Путин прием во Русија

Сподели со своите пријатели

Лидерот на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) во Украина, Леонид Пашечник, најави дека подоцна денеска ќе подготви документ со кој ќе побара од рускиот претседател Владимир Путин да го разгледа приемот на ЛНР во Руската Федерација, пренесува ТАСС.

Loading...

„Резултатот е тука! Жителите на Луганската Народна Република се определиле за светла и просперитетна иднина“, напиша тој на Телеграм, коментирајќи ги резултатите од референдумот организиран од проруските власти, за пристапувањето на ЛНР кон Русија.

„Денеска ќе подготвам соодветен документ во кој барам од рускиот претседател Владимир Путин да го разгледа пристапувањето на ЛНР во Руската Федерација како конститутивна членка во согласност со законот“, заклучи Пашечник.

Проруските власти во четири региони на Украина контролирани од Москва вчера објавија дека огромното мнозинство жители гласале за приклучување кон Руската Федерација, по пет дена гласање на референдумот што Киев и западните лидери претходно го отфрлија како „фарса“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.