Министерката за труд и социјална политика, како и министерот за внатрешни работи денеска ќе бидат во работна посета на двата прифатни центри за бегалци, на југот и северот од државата.
Имено, Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски и неговиот српски колега Небојша Стефановиќ денеска ќе бидат во работна посета на Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, додека министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски ќе биде во посета на Транзитниот центар на Табановце.
Од министерството за внатрешни работи известија дека Спасовски и Стефановиќ посетата ќе ја реализираат на котатата 59.