Поради наговестувањата на земјите од Европската унија дека е можно затворање на нивните граници и ограничување на бројот на бегалци можна е изработка на план Б кој ќе донесе измени во политиката во начинот на справување со кризата.
Во соработка со меѓународните фактори и комуникацијата која ја имаме со нив добиваме информации дека можеби ќе настане промена во политика со бегалците од страна на земкјите членки на ЕУ. Веќе постојат најави за затварање на граници и ограничување на бројот на бегалци кои можат да бидат прифатени од земјите на ЕУ и тоа ќе наметне дополнително редефинирање на некои одлуки и во земјите од Западен Балкан, вклучително земјите од Балканот и Република Македонија и во таа насока сакам да истакнам дека треба да се зафатиме со подготвување на некој план Б во случај да имаме такви одлуки и да бидеме приморани како држава да менуваме некои одлуки кои се веќе донесени и од тука како Министерство за труд и социјална политика ќе иницираме одредени активности за кои што сметаме дека треба да бидат навремено превземени до управувачкиот комитет кој ги носи одлуките и ги диригира задолженијата до институциите и во однос на подготовка на такво сценарио кое ќе донесе такви активности и вонредни напори.
Loading...
Министерката вели дека треба да добра координација за да не дојде до пропуст кој би донел до непредвидливи ситуации.
Воедно Ременски се заблагодари на донаторите на невладиниот сектор и институциите на Република Македонија, како што се 2,5 милиони евра грант од Европската банка и УНХЦР.
Таа напомена дека нема идеални услови и дека може да биде подобро, но потенцираше дека кампот во Табановце е подобар и има повеќе предности од „Винојуг“ во Гевгелија.