РЕКОРДЕР: Скоро 3.000 дена по ред го посетувал Дизниленд

Сподели со своите пријатели

Џеф Рајц го сака Дизниленд. Всушност, можеби подобар збор би бил е „опседнат“ со него.

Loading...

Калифорнискиот забавен парк Рајц го посетувал секој ден во последните осум години, три месеци и 13 дена, што го прави апсолутен рекордер за најголем број последователни посети на паркот, според Гинисовата книга на рекорди.

Целата авантура Рајц ја започнал во 2012 година. Откако 366 пати го посетил паркот во Анахајм, бидејќи тоа било престапна година, Дизниленд му врачил сертификат за почесен граѓанин.

Но, тој не застанал тука. По втората година „Дизни“ го почестил со вечера, а по 2.000 посети секој ден добивал ранец.

Потоа, во 2020 година, кога го посетил паркот 2.995 пат, „Дизниленд“ морал да биде затворен поради пандемијата на коронавирус.

Било тешко да се комбинираат посетите со работата, но Рајц направил се за да остави време да го посетува паркот секој ден.

Неодамна Гинисовата книга на рекорди официјално го регистрираше како рекордер.