Регулираше сообраќај на улица, но го удри нешто полошо од автомобил (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Не е лесно да се биде сообраќаец во Индија. Клипот што кружи на социјалните мрежи е доказ за тоа. Контролор на сообраќајот го регулирал протокот на возила на една од крстосниците кога во него влетала крава.

Loading...

Не е познато во каква состојба е несреќниот човек по блиската средба со тоа заштитено, свето животно во Индија. Минувачите трчале да му помогнат, а човекот по ударот од кравата успеал да стане.

Инаку, во хиндуизмот постојат две теории зошто кравата е свето животно. Една од овие теории, врз основа на нејзините параметри, вели дека постои ранг во кој кравата доаѓа на прво место, со животни како зајак, жаба, итн. На дното на скалата.

Друга теорија вели дека во минатото, Индијците често користеле кравјо месо и негово млеко, што довело до скоро истребување на кравите и оттогаш е забрането да ги убиваат. Исто така, се смета дека ако убиете крава, тоа е како да ја убивте сопствената мајка.

Во Индија се верува дека кога бикот и кравата се задоволни, сите луѓе во светот се задоволни. Ако крава е убиена, тоа може да предизвика различни видови проблеми.

Leave a Reply