Речиси сите членови на американскиот Генералштаб заминале во самоизолација, откако вториот човек на Крајбрежната стража објавил дека е позитивен на коронавирус.
Адмиралот Чарлс Реј, по состанокот на американскиот воен врв во Пентагон, бил тестиран позитивно на Ковид-19.
Висок воен претставник, кој побарал да остане анонимен, нагласил дека поради ризик речиси целиот состав на Генералштабот бил тестиран на коронавирус, но сите, освен адмиралот Реј, биле негативни и продолжиле со своите должности.
Во меѓувреме, Белата куќа соопшти дека зголемениот број на заразени со Ковид-19 меѓу претставници на американската администрација, не го загрозува функционирањето на Владата на САД.
– Освен адмиралот Реј, нема други високи воени претставници кои се заразени со коронавирус. Борбената готовност и подготвеност на американските вооружени сили се непроменети, изјави претставникот на Пентагон, Џонатан Хофман.
Габриела Точко