Речиси 200 илјади странски туристи ја посетиле Русија годинава

Сподели со своите пријатели

Помеѓу 180.000 и 190.000 странски туристи од земји надвор од Заедницата на независни држави (ЗНД) ја посетиле Русија во 2022 година, објави извршната директорка на Здружението на тур-оператори на Русија (АТОР) Маја Ломиџе.

Loading...

На средбата на рускиот министер за економски развој, Максим Решетников, со претставници на туристичката индустрија, таа изјавила дека воведувањето електронски визи ќе помогне да се стимулира влезниот туристички сообраќај, пренесува Танјуг.

Што се однесува до домашниот туризам, брегот на Црното Море остана најпопуларна дестинација во Русија со учество од над 35% во вкупната продажба на сите тур-оператори.

Ломиџе додаде дека развојот на туристичките рути во земјата ќе го поддржи влезниот и домашниот туризам.