Рецепт за мохито од лубеница. Мелем за топлите денови! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Летото е време кога бараме освежување, а социјалните мрежи оваа сезона полудеа за еден вкусен пијалак – мохито од лубеница.

Loading...

Овој пијалак не само што е вкусен и освежителен, туку и многу лесен за подготовка.

Не содржи алкохол, па затоа е одличен за сите возрасти и прилики, од семејни собири до дружење со пријателите.

Доколку барате рецепт за коктел кој ќе ве освежи по ручекот, подолу можете да најдете едноставен рецепт за мохито од лубеница.

Мохито од лубеница – состојки:

Лубеница исечкана на коцки

Сок од лимета

Кришка лимета

Газиран сок со вкус на лимон

Loading...

Мраз

Кафеав шеќер по желба

Нане

Подготовка:

Лубеницата исечкајте ја на коцки, а работ на чашата потопете ја во шеќер.

Ставете ја лубеницата во чаша и додадете го сокот и парче лимета и лист нане.

Лесно издробете за да се ослободи аромата на состојките, а потоа додадете мраз.

Одозгора со пенлив сок од лимон.

Послужете веднаш.

Loading...

Идеја плус

За алкохолна верзија, во коктелот можете да додадете малку бел рум, вотка или џин.

 

@foodlover_dine Watermelon Mojito Mocktail 🍉 So erfrischend & lecker 😋 der perfekte Sommerdrink 🍹 Zutaten: Wassermelone Limettenscheiben Minzblätter Eiswürfel (empfehle mehr als in meinem Video) Sprite Optional Sprudelwasser Wassermelone in Stückchen schneiden, zusammen mit Limette & Minze in ein Glas geben und stampfen, je nach dem wie fein ihr die Melone mögt. Anschließend Eiswürfel hinein und mit Sprite (+ wer es nicht zu süß mag, sprudelwasser) aufgießen 🥂 cheers ☀️ #mojito #wassermelone #watermelon #watermelonsugar #summerdrink #melone #mocktail #mocktailrecipe #nonalcoholic #virgincocktails #summervibes #summer #colddrinks ♬ i like the way you kiss me – Artemas