Рецепт од две состојки кој ги уништува маснотиите во крвта

Сподели со своите пријатели

Поради брзиот начин на живот, лошата исхрана и недостаток на физичка активност, зголемената маснотија во крвта е болест на денешницата.

Понекогаш кај зголемена маснотија може да се забележат и траги од слоеви масно ткиво со жолта боја во облика на плочи или јазли на горните очни капаци или некои други делови од телото.

Со напредување ан болеста доаѓа до задебелување ан ѕидовите на крвните садови, атеросклероза, до која допринесуваат и други фактори како никотинот и алкохолот, а последицит еод сето тоа се најчесто кардиоваскуларните заболувања кои се најголемиот убиец за македонскиот народ, судејќи според последните анализи и истражувања.

Доколку имате зголемена маснотија во крва, препорачлив е лекот кој содржи само суви смокви и јаболков оцет.

Лекот направете го навечер, а пијте го наутро. Земете три суви смокви и добро избодете ги со чешкалка за заби од сите страни, а потоа ставете ги во стаклен сад во кој ќе додадете два децилитри јаболков оцет.

Нека стои преку ноќ и наутро изедете ги закиселените смокви. Остатокот од јаболковиот оцет не го фрлајте, туку во истиот следната ноќ ставете три нови смокви и направете го истото.

Тие два децилитри оцет користете ги седум дена, поголемиот дел од него ќе го упијат смоквите. осмиот ден ставете нови два децилитри оцет и постапката повторете ја уште една недела.

Лекувањето значи трае 14 дена, а според многумина навистина и помага.

 

Loading...