Реактор во Франција автоматски исклучен поради дефектот во Шпанија и Португалија

Сподели со своите пријатели

Еден од реакторите во француската нуклеарна централа „Голфес“, која се наоѓа на југот на Франција, беше автоматски исклучена во понеделник попладне поради дефект во електроенергетскиот систем на Иберискиот Полуостров, што предизвика прекин на електричната енергија во Шпанија и Португалија.

Loading...

Според соопштението на Француската компанија за дистрибуција на електрична енергија (EDF), реакторот бил „автоматски запрен во согласност со системите за безбедност и заштита на реакторот“, пишува „Ле Фигаро“.

Иако беше спомената можноста настаните да се поврзани, експертите нагласуваат дека сè уште е рано да се извлечат конечни заклучоци.

„Експертскиот тим моментално ги спроведува сите потребни проверки за да се утврди причината за исклучувањето на реакторот и безбедно да се рестартира неговата работа. Овие проверки ќе утврдат дали исклучувањето на реакторот е поврзано со моменталните електрични пречки во Шпанија и Португалија“, соопшти ЕДФ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Опсадна состојба во Шведска: Полицијата со хеликоптери бара убиец (ВИДЕО)

Големи делови од Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија во понеделник наутро, а во Шпанија најголемите проблеми беа во железничкиот сообраќај, а стотици луѓе ја поминаа ноќта на станиците.

Вработените во службите за итни случаи во Шпанија соопштија дека спасиле околу 35.000 патници кои биле заглавени во возовите и подземните железници за време на прекинот на електричната енергија.

Плаќањата со картички беа оневозможени, а продавниците, аптеките и рестораните беа затворени. Многу градови беа во целосен мрак во текот на ноќта, а јавните згради и спомениците беа неосветлени.