Реакција на Општина Куманово на прес-конференцијата на директорката на градинката „Ангел Шајче”

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово денеска преку соопштение се произнесе по вчерашната прес конференција на директорката на кумановската градинка „Ангел Шајче“, Марина Алексовска која изјави дека градоначалникот Максим Димитриевски не ги запазил роковите за избор на нов директор на установата.

Loading...

Денеска Општина Куманово преку соопштение вели дека директорката на прес конференцијата вешто манипулирала со датумите.

Во продолжение интегралното соопштение:

„На прес-конференцијата на директорката на ЈОУ Детска градинка “Ангел Шајче” – Куманово одржана на 06.04.2023, вешто се манипулира со датумите поврзани со одземање на надлежности во делот на објавување на јавен оглас за избор на директор на Градоначалникот на Општина Куманово и текот на самата постапка. Во интерес на јавноста и вистината хронолошки го потенцираме текот на целиот процес:

На 27.03.2023 не е доставено укажувањето до Градоначалникот како што тврди директорката на ЈОУ Детска градинка “Ангел Шајче” – Куманово, туку е ИЗГОТВЕНО на посочениот датум, а истото е предадено во архивата на Општината на 29.03.2023 и распоредено до надлежниот сектор на 30.03.2023.

Откако на 30.03.2023 година во Општина Куманово е добиено Укажување ИП1-162735/2 од страна на Министерство за труд и социјална политика, веднаш е постапено по истото од страна на Општина Куманово и на 31.03.2023 е донесено Решение Бр.08-УП1-2597 од страна на Градоначалникот на Општина Куманово за објавување на јавен оглас за избор на директор на ЈОУ Детска градинка “Ангел Шајче” – Куманово и во истиот ден истото е испратено до Министерство за труд и социјална политика, а дополнително е доставено и до ЈОУ Детска градинка “Ангел Шајче”.

Независно од нашето експедитивно постапување по добиеното Укажување, Министерството за труд и социјална политика сака да ги одземе надлежностите на Градоначалникот на Општина Куманово и на 03.04.2023 година донесува незаконито Решение ИП1 16-2735/3 со кое се одземаат надлежностите на Градоначалникот за постапување во делот на донесување одлука за објава на јавен оглас за избор на директор во ЈОУ Детската градинка ”Ангел Шајче” – Куманово.

Ако се земе во предвид дека Министерството за труд и социјална политика му оставило на Градоначалникот рок за постапување од само 1 ден, а и покрај тоа што истиот е уредно запазен, на Градоначалникот му се одземаат надлежностите, очигледно е дека не станува збор за законито постапување, туку за притисок врз работата на Градоначалникот и упад во неговите надлежности, со цел постапката за избор на директор во ЈОУ Детска градинката “Англе Шајче”, да не се изврши на транспарентен начин, како што беше случајот и претходно, кога на сличен начин му беа одземени надлежностите на Градоначалникот за оваа јавна општинска установа.

Loading...

По добивање на Решение ИП1 16-2735/3 со кое се одземаат надлежностите на Градоначалникот за постапување во делот на донесување одлука за објава на јавен оглас за избор на директор во ЈОУ Детската градинка ”Ангел Шајче” – Куманово, Општина Куманово на 05.04.2023 година доставува Известување до ЈОУ Детска градинка “Ангел Шајче” -Куманово дека согласно на Решение ИП1 16-2735/3 за одземање на надлежностите на Градоначалникот, поради што настанува судир на надлежности помеѓу Општина Куманово како основач на јавната установа и ресорното министерство, да не се преземаат било какви понатамошни дејствија поврзани со постапката за избор на директор на институцијата до разрешување на судирот на надлежности, бидејќи сите претходни прашања согласно ЗОУП предизвикуваат прекин на постапка.

Дека Општина Куманово постапила согласно законот и покрај нереалниот и незаконски рок од 1 ден, потврдува фактот што на 06.04.2023 во архивата на Општина Куманово пристигнува Решение ИП1 16-2735/9 со кое се поништува Решението ИП1 16-2735/3 за одземање на надлежностите на Градоначалникот на Општина Куманово кое е испратено од страна на ресорното министерство и истото е проследено до соодветниот сектор во Општината на 07.04.2023 година.

Општината Куманово согласно добиеното Решение ИП1 16-2735/9 од ресорното министерство со кое се поништува Решението ИП1 16-2735/3 за одземање на надлежностите на Градоначалникот на Општина Куманово во делот на објавување на јавен оглас за избор на директор, истото ќе го разгледа и во најкус можен рок ќе ја извести ЈОУ Детска градинка “Ангел Шајче” – Куманово со насоки за понатамошно постапување во процесот.“ – стои во соопштението на Општина Куманово.