По вчерашните протести кои се одржаа по улиците во Куманово со своја реакција излезе од Општинската организација на Левица од Куманово, каде даваат образложување на одлуката да го напуштат вчерашниот марш.
Почитувани сограѓани,
Ние како Левица доброволно ги напуштивме вчерашните протести во Куманово, бидејќи беа преземени од локалната владејачка партија. Овој протест беше најавен како граѓански, меѓутоа истиот се претвори во партиски митинг и како таков го изгуби своето суштинско значење.
Сакаме да потенцираме дека нашата партија ќе продолжи да протестира против аболицијата донесена од претседателот Иванов и активно да ги застапува ставовите на протестот бидејќи оваа борба е многу поголема од секоја партија, ова е борба за едно нормално општество. Ние не сакаме и нема да дозволиме да бидеме декор на партиски собир и со тоа да им дадеме легитимитет на локалните властодршци кои на многу перфиден начин сакаат да го злоупотребат оправданото незадоволство на народот. Искрено се надеваме дека во наредните денови протестот ќе биде масовно подржан од работниците и обичните граѓани од нашиот град.
Борбата продолжува, ќе победиме!