Тајван во средата беше погоден од земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала, најсилниот во последните 25 години, потресувајќи згради и активирајќи предупредување за цунами за островите во јужна Јапонија и Филипините.
Телевизиските станици емитуваа снимки од згради како се нишаат во ретко населениот источен град Хуалиен, во близина на епицентарот на земјотресот.
Локалните медиуми јавуваат дека во зградите има луѓе заробени, а тајванската влада објави дека во земјотресот животот го загубиле најмалку седум лица, а стотици се повредени.
Земјотресот, кој предизвика прекин на електричната енергија во главниот град Тајпеј, се случи во 7:58 часот по локално време на длабочина од 15,5 километри од јужниот брег на Тајван, соопшти државната сеизмолошка служба.