Македонската ракометна репрезентација денес го игра третиор натпревар во рамките на Светското првенство за мажи, а противник е селекцијата на Словенија, која во мечот влегува каок убедлив фаворит.
Македонија влегува во третото коло со две победи и ја има најтешката задача, сметајќи ја фаворитската улога која сите и ја препишуваат на словенечката репрезентација.
Словенија беше противник на Македонија и на Светското првенство кое пред две години се одигра во Катар, на кој словенечката репрезентација ја победи македонската со резултат 30:28.
Треба да бидеме реални, Словенија е фаворит, тие физички не се слина селекција, но појаката страна им е таа техничко-тактичка писменост на играчите. Ние треба да ги победиме во борбеност, да бидеме поборбени од нив, да играме поцврста одбрана и да ја спречиме нивната транзиција. Мораме да имаме густа одбрана, да не им оставаме простор бидејќи тие знаат како да го користат просторот и не смееме да правиме технички грешки во нападот, особено кога играме седум на шест – смета Лино Червар.
Со победа или со нерешен резултат Македонија ќе го обезбеди својот пласман во осминафиналето на Светското првенство во Франција, а со тоа ќе се избегне и четвртата позиција во табелата која во нокаут фазата би го донела домаќинот како противник.