„Рајанер“ повеќе нема да нуди летови по најниски цени благодарение на поскапувањето на горивото, потврди извршниот директор на компанијата Мајкл О’Лири, велејќи дека ерата на билети од десет евра е завршена.
Компаниите како Ryanair, Wizz Air, Vueling и слични се натпреваруваа по најниски можни цени на услугите, што ги поевтини билетите значително во последните децении, но сега за жал на тоа му дојде крајот.
Покрај високите цени на горивото, секторот се соочува и со притисок да го намали неговото влијание врз климата, вклучително и кампањи за убедување на луѓето да се префрлат на железничкиот и патниот транспорт, пишува SEEbiz.
„Нема сомнеж дека на долниот крај на пазарот нема да има повеќе од нашите навистина евтини промотивни цени – билети од едно евро, дури и билети од 9,99 евра. Мислам дека нема да ги видите тие цени за следните неколку години“, рече О’Лири во програмата „Денеска“ на BBC Radio 4.
Просечната вредност на авионските билети би се зголемила во следните пет години од околу 40 евра лани на приближно 50 евра.
Зголемените трошоци за гориво што ги зголемуваат авионските билети, исто така, ги зголемуваат сметките за енергија во домаќинствата, намалувајќи ги расположливите приходи на луѓето.
Но, шефот на авиокомпанијата рече дека и покрај ова, тој очекува клиентите да бараат опции со пониска цена наместо да ги намалат летовите.
„Мислиме дека луѓето сè уште ќе бидат често патници. Но, мислам дека луѓето ќе станат многу почувствителни на цените“, рече О’Лири.