Рајанер го намалува бројот на летови

Сподели со своите пријатели

Ирската авиокомпанија Ryanair во четвртокот објави дека значително ќе го намали бројот на летови оваа есен поради доцнење на нарачката на авионите Боинг.

Loading...

„Рајанер“, еден од најголемите купувачи на авиони „Боинг“, во соопштението рече дека очекува да испорача 27 авиони во периодот од септември до декември.

Поради доцнење на производството во објектот „Spirit Fuselage“ во Вичита, Канзас и доцнење со поправки и испораки во Сиетл, сега очекуваат дека од ноември до декември ќе бидат испорачани само 14 авиони, пишува Poslovni.hr.

Поради тоа Ryanair ќе го намали бројот на летови од крајот на ноември, најавуваат оттаму и додаваат дека во следните денови ќе ги информираат патниците по електронска пошта.

Ќе извлече три авиони од својата база во Белгија, два од Даблин и пет од аеродромите во Италија, вклучувајќи ги Бергамо, Неапол и Пиза.

Тие, исто така, планираат да го намалат бројот на авиони на британскиот аеродром Ист Мидлендс, Порто во Португалија и Келн во Германија.

„Во моментов проценуваме дека доцнењето на испораката нема значително да влијае на нашиот целен сообраќај оваа година од 183,5 милиони (патници)“, рече извршниот директор на групацијата Мајкл О’Лири.

„Меѓутоа, ако одложувањата се влошат или се прошират надвор од јануари до март 2024 година, можеби ќе треба повторно да ја разгледаме проценката и малку да ја намалиме“, додаде О’Лири.

Loading...

Во јули, компанијата ја намали проценката за бројот на патници оваа година од 185 милиони на 183,5 милиони поради можните доцнења со нарачаните авиони Боинг и протестите на контролорите на летање.

Запрашан дали може да ги потврди доцнењата и кога може да бидат испорачани авионите, портпаролот на Боинг рече дека тие го ценат партнерството со Рајанер и продолжуваат да даваат поддршка.