Работник од Бангладеш загина во кратовско Кетеново

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишен работник од Бангладеш загинал додека извршувал работни задачи во кратовското село Кетеново.

Loading...

– На 06.02.2025 во СВР Куманово било пријавено дека при извршување работни задачи за приватна фирма во село Кетеново, кратовско, А.Р.(35) од Бангладеш се заглавил во работна машина за правење бетон и од здобиените повреди починал на местото, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Лекар констатирал смрт, а за настанот биле известени јавен обвинител и трудов инспектор.

Увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Почина Игор Југ