Работи за сексот кои жените сакаат да ги знаат нивните партнери

Loading...
Сподели со своите пријатели

Луѓето станаа поотворени кога станува збор за сексот, сексуалните играчки се користат повеќе од кога и да е, а еманципираноста на жените во модерниот свет доведе до тоа тие да се отворат и да ги искажат своите желби. Сепак, не е само едниот партнер доволен за да добиете одличен секс. За тоа треба да се потрудат и двајцата партнери. Магазинот Man’s Health спровеле анкета, во која жените одговараат што е она што треба да го знаат нивните партнери.

Само прашајте

Жените денес се посклони кон експериментирање, а за да се опуштат, мажите треба само да прашаат, порачуваат 61% од испитаните жени. Пред десет години, овој процент изнесувал 48%, што покажува пораст кај отвореноста на жените.

Опуштете се

Жените порачуваат: Опуштете се! Она што секако би требало да го имате во глава пред впуштање во секс е дека на жените им е потребна подолга предигра и никако не смеете да го заборавите тоа. Сепак, мажите тоа го прават многу добро, што го покажува и искажаното задоволство на дури 71% од жените во однос на 52% од мажите.

Играчките се добредојдени

Пазарот е преполн со разни сексуални играчки, па жените сакаат да ги користите. Посебно се популарни прстените за пенис, а според жените тие се и најупотребувани. Ве советуваме пред да купите некоја сексуална играчка, да разговарате за тоа со вашата партнерка.

И ние гледаме порнофилмови

Loading...

Порнофилмовите одамна не се резервирани само за машката популација. И жените ги гледаат и тоа пред самиот сексуален чин како вид на предигра или дури и за време на сексот. Мажите не би требало да се срамат да и предложат на жената заедно да гледаат порно содржини.

Leave a Reply