Работи кои се забранети во Северна Кореја, а се нормални во остатокот од светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун забрани фармерки и друга облека од Западот. На овој начин, Пјонгјанг се обидува да се бори против влијанието на западната култура, која продира во земјата од нејзините соседи.

Loading...

 

 

Влошки и тампони за еднократна употреба воопшто не се продаваат во Северна Кореја. Жените користат влошки за повеќекратна употреба.

Сите видови на контрацептивни средства се забранети во Северна Кореја. Затоа наоѓањето кондом е многу тешка задача.

Владата на Северна Кореја има ексклузивно право на сета земја и недвижен имот. Ова го прави речиси невозможно купувањето и продавање куќи или станови

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Глобалната популација на џиновски панди во заробеништво достигна 757

Северна Кореја е официјално атеистичка земја. Сите верски обреди се забранети или строго контролирани од владата. Затоа не можете да купите или чувате божиќни украси во куќата, вклучително и елка.

Loading...

Има само 4 официјални ТВ канали во земјата. Цензурата на владата е толку силна што нема друга телевизија во земјата. Севернокорејскиот пропаганден апарат ги забранува сите видови странски весници и списанија. Владата и специјалните агенции следат сѐ што е отпечатено. Тука нема списанија за мода и начин на живот. Сѐ што можат да прочитаат Севернокорејците е од едукативна природа или е поврзано со идеологијата Џуче.

Од 15 милиони жители на Северна Кореја, само еден милион има мобилни телефони, но тие не можат да се јавуваат во странство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп ќе продолжи директно да разговара со Ким Џонг Ун?

Многу малку странски изведувачи добиваат дозвола за настап во Северна Кореја, така што нема да можете да одите на концерт на вашиот омилен бенд овде. Единствената група на која ѝ беше дозволено да настапи беше словенечкиот бенд „Лајбах“. Нивниот концерт се одржа во Пјонгјанг во 2015 година.

Граѓаните на Северна Кореја не можат да патуваат во други земји на одмор. Тоа е кршење на човековите права, но Севернокорејците веројатно воопшто не се свесни за тоа. Севернокорејските лидери се обидуваат на секој начин да спречат надворешно влијание врз нивната земја. Тие забрануваат многу работи, но светот во кој живееме оди напред.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Глобалната популација на џиновски панди во заробеништво достигна 757