Во WC школката секогаш треба да се најдат само три работи – голема нужда, мала нужда и тоалетна хартија. Иако звучи логично, ќе се изненадите што се луѓето фрлаат .
Забен конец
Конецот за чистење заби не се разградува во вода и затоа може да предизвика проблеми. Конецот може да остане во цевките на одводод, а големи количини конци можат да се заплеткаат и да затнат дел од цевките.
Масло
Иако маслото е течно, на ниски температури тоа станува во тврда состојба па се таложи по ѕидовите на цевките, исто како и во вените. Со време отворот станува се потесен, а резултатот на тоа сигурно ви е јасен.
Фластери
Поголемиот дел од фластерите се направени од пластика, која не е биоразградлива па поради тоа ја загадува околината, но може и да се заглави во цевките и да го затне одводот.
Лекови
Иако се растопуваат во вода и нема да го затнат одводот, таблетите ја загадуваат водата која потоа оди во реките или морињата, а во која во лето се капеме. Канализациските филтери не можат таквите хемикалии да ги издвојат од отпадните води и затоа бидете паметни и одговорни.
Влажни марамици
Иако ги нарекуваме марамици, сепат тие не се со ист состав како и оние хартиени. Мокрите салфетки каок оние за бебиња или хигиена на рацете не можат да се разградуваат па така се загадува околината, а можат и да останат во цевките и да предизвикаат затнување.
Хартиени пешкири
Иако се од хартија, баш како и тоалетната, сепак хартиените пешкири се направени да траат, односно да не се распаднат толку лесно. Баш поради тоа тие се едни од најчестите причини за затнување на цевките.
Хигиенски влошки и тампони
Постои многу добра причина зошто на вратите на тоалетите во некои од рестораните стои натпис – тампоните и влошките фрлајте ги во корпа за отпадоци. Овие хигиенски помагала впиваат поголема количина на течност поради што можат да се прошират и да го затнат одводот веднаш откако ги фрлите во WC школката.
Стапчиња за уши
Овие хигиенски помагала не се биоразградливи па можат лесно да се заглават во цевките, а памукот во допир со течност го зголемува волуменот за 3 до 5 пати. Доволна причина да ги фрлате секогаш во корпа.
Отпушоци од цигари
Филтерот од цигарата е направен од сунѓерест материјал кој упива влага и го зголемува волуменот, а не може да се разгради. Доволна причина да внимавате и со нив.
Влакна
Иако доаѓа од нашето тело тоа не значи дека местото им е во WC школката. Косата е тенка и не е разградлива во вода, а повеќе влакна заедно лесно се вплеткуваат и прават клопка која е најчеста причина за затнување на ододите во домаќинствата.