Путин се сретна со Ли во Москва, потпишаа енергетски договори

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин ги истакна блиските врски меѓу Москва и Пекинг на средбата со кинескиот премиер Ли Кианг, на која и претходеше потпишување билатерални договори во енергетскиот сектор.

Loading...

Нашите земји разработија долгорочни заеднички планови, како во економската, така и во хуманитарната сфера, рече Путин, а пренесе државната агенција ТАСС.

Нашите трговски односи се развиваат успешно“, рече и Путин, пренесува Интерфакс.

„Вниманието што двете влади го посветуваат на економските и трговските односи ги покажува своите резултати“, додаде тој.

„Стратешко партнерство“

Пред средбата со Путин, Ли разговараше со рускиот премиер Михаил Мишустин.

Путин рече дека Мишустин и Ли „потпишале серија билатерални договори насочени кон подобрување на нашата соработка“ со главен фокус на енергијата, пренесува Хина, повикувајќи се на агенцијата ДПА.

Мишустин рече дека Русија е веќе најголемиот снабдувач на Кина на нафта и додаде дека „во блиска иднина ќе го заземеме првото место и за природен гас“.

Путин последен пат ја посети Кина во мај. Двете земји делат антагонизам кон Западот, а во последните години се зближија и прогласија стратешко партнерство.

Loading...

Сепак, многу набљудувачи сметаат дека економската велесила Кина го има главниот збор во овој сојуз, оставајќи ја Русија во улога на снабдувач на суровини и помлад партнер.