Путин нема да оди на самитот на Г-20 на Бали

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на самитот на Г-20 што ќе се одржи на Бали следната недела, најави индонезискиот владин претставник Џоди Махарди.

Loading...

„Москва ќе ја претставува рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров“, најави Махарди.

Тој додава дека рускиот претседател треба да се приклучи на една од средбите преку видео врска.

Како домаќин на Г-20, Индонезија се спротивстави на притисокот од западните земји и Киев да ја повлече својата покана до Путин од самитот на лидерите и да ја исфрли Русија од групата поради војната во Украина, а официјални лица од земјата постојано велат дека немаат овластување да го стори тоа без консензус меѓу членовите.

Во интервју за Фајненшл тајмс, индонезискиот претседател Џоко Видодо рече дека Русија е добредојдена на самитот, за кој стравува дека ќе биде засенет од „загрижувачкиот“ пораст на меѓународните тензии.

„Г20 не е наменет да биде политички форум. Наменет е да се занимава со економија и развој“, заклучи Видодо.

Индонезија го покани и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој рече дека нема да учествува доколку Путин присуствува, јави Танјуг.

На самитот се очекува да присуствуваат и неколку други светски лидери, меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг.

Loading...