Путин на локалните избори гласаше по електронски пат

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денеска гласаше електронски на локалните избори во Москва.

Loading...

„Ова е многу удобен, сигурен облик на гласање. Го препорачувам на сите кои можат и сакаат да го користат“, рече Путин и ги повика руските граѓани да излезат на гласање.

Изборите на различни нивоа во Русија се одржуваат во текот на три дена, а во некои региони, вклучувајќи ја и Москва, гласањето може да се врши и по електронски пат.

Во Москва во петокот почна тридневното гласање за изборите за општински пратеници, а ќе трае до недела.

Годинава од 9 до 11 септември се одржуваат избори во 125 од 146 општински единици на Москва, а пренесува Танјуг дека изборните единици се отворени од 8 до 20 часот секој ден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Погледнете како изгледал Бејрут во моментот на експлозијата на пејџери (ВИДЕО)

Минатата година Путин гласаше електронски на изборите за Дума.

Во тоа време, рускиот претседател беше во самоизолација, поради фактот што претходно бил во близок контакт со службеник кој се заразил со Ковид-19.